Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 24.5.2026

/

пред 133 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Информација од ова утро 23.5.2026

Минимална температура (во °C)

7 Попова Шапка, 10 Kрушево, Mаврови Анови, Лазарополе, 12 Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола, Берово, 14 Тетово, Прилеп, 15 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Виница, 16 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 17 Велес, 18 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Попова Шапка, 2 Скопје-Петровец, Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Битола, Кавадарци, Крушево, Тополчани.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!