Земјотрес со интензитет од 3,6 степени е регистриран во 17:41 часот во Македонија.
Според првичните податоци од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот на земјотресот бил во североисточниот дел на Македонија, на 20 км од Скопје и на длабочина од 5км. Потресот беше почувствуван од граѓаните во главниот град. Засега нема информации за евентуални штети или повредени лица.
Се чекаат официјални информации од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.











