Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Во Охрид.
Според агендата по пречекот ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а потоа и владина билатерална средба.
Предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.











