Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар ги продолжи договорите со Николов и Велковски

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Новиот македонски фудбалски шампион Вардар ги продолжи договорите со двајца важни играчи. Репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов остануваат во редовите на „црвено-црните“.

Велковски и Николов се вратија во Вардар во зимскиот преоден рок и во пролетната полусезона одиграа важна улога во освојувањето на шампионската титула во домашното првенство. Претходно и двајцата беа дел од најтрофејниот македонски клуб во периодот од 2015 до 2018 година.

Вардар објави дека Николов потпишал нов договор до јуни 2029 година, додека Велковски останува до идното лето, односно до јуни 2027 година. Претходно клубот ги продолжи договорите и со Горан Закариќ, Методија Велковски, Ненад Мишковски и Филип Дурански.

Вчера беше промовиран и новиот тренер на „црвено-црните“. Аргентинецот Кристијан Фабијани ќе го наследи Гоце Седлоски, кој целосно ќе се посвети на македонската фудбалска репрезентација.