Граѓаните на Македонија во ново истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ сметаат дека државата се движи во погрешна насока, а работата на Собранието ја оценуваат со просечна оценка 2.7 од 5.
Анкетата покажува и перцепција дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку обратно, што укажува на ограничена контрола на законодавната власт врз извршната.
Истражувањето открива умерена до ниска доверба во институциите, при што Собранието има оценка 4.8, а Владата и Претседателот 4.7 и 4.9.
Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека пратениците ги застапуваат сопствените и партиските интереси, а не интересите на граѓаните, додека Собранието се перцепира како недоволно отворено и со ограничена комуникација со јавноста.
Анкетата, спроведена на 1.002 испитаници од 27 февруари до 10 март 2026 година, покажува и дека 51% од граѓаните сметаат дека животот во државата оди во погрешна насока.
И покрај малото подобрување во одредени индикатори, доминантни остануваат критичките ставови кон политичките институции и нивната отчетност.











