Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пациентите со мултипла склероза повеќе нема да патуваат до Скопје по терапија

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Терапијата за пациентите со мултипла склероза наскоро ќе биде достапна во повеќе болници низ државата. Освен на Клиниката за неврологија, пациентите ќе можат да ја земат и во други здравствени уставнови во кои е вработен невролог. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој ја најави оваа промена, вели дека со ова ќе се растoвари скопската клиника, а пациенти од внатрешноста нема да мора да патуваат до главниот град по неопходниот лек.

„Знам колку е мачно некој од Струмица или од Струга да патува до Скопје за да подигне терапија, а најтрагично ако тоа се таблети или поткожна која самиот може да ја дава“, порача Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски тврди дека буџетот за лекување на ова заболување е тројно зголемен во однос на претходната година и дека сега нема листа на чекање за биолошката терапија. Од Клиниката за неврологија, пак, посочија дека главен проблем е тоа што нема апарат за магнетна резонанца.

„Веќе сме во комуникација со здравствените власти да изнајдеме решение да обезбедиме таков апарат. Со тоа побрзо и полесно би добиле резултати и дијагноза“, истакна Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија

Мултипла склероза е едно од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите лица, на возраст од 20 до 40 години. Важно е да се открие рано и да се добие соодветна терапија. Во Македонија има околу 2.300 пациенти, безмалку половина од нив во моменот се лекуваат на Клиниката за неврологија.

Тамара Марковска