Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пред суд рече дека повторно би убил, ако има прилика – курдски бегалец од Сирија, кој уби тинејџер и се заколна во Исламска држава, се соочува со доживотен затвор во Австрија

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Ако има прилика, повторно би убил, порача 24-годишен курдски бегалец од Сирија пред суд во Австрија по обвинението за смртоносен напад со нож во градот Вилах. Момчето, чие име не е објавено, го призна делото од февруари во 2025 година, кога се џебен нож усмрти 14-годишен тинејџер и повреди уште пет лица и се заколна на верност кон Исламска држава, пишува „Ројтерс“.

Според обвинителството во Клагенфурт, тој минал „молскавична радикализација“ преку ТикТок, што, како што пренесуваат австриските медиуми, го изненадило дури и неговиот брат. Обвинет е за убиство, обид за убиство и казнени дела поврзани со тероризам. Ако биде прогласен за виновен, ќе се соочи со казна доживотен затвор.

Првиот ден од судењето го мина во молчење. Сепак, запрашан од судијата преку преведувач, дали би го повторил злосторството ако му се укаже прилика, потврди со глава, пренесуваат националната телевизија ОРФ и новинската агенција АПА. Поради вонредните мерки на безбедност, пред него беше поставен заштитен параван, а на новинарите им беше забрането внесување на електронски уреди во судницата.

Убиството во Вилах е второ смртоносно во исламистички напад во Австрија, по ноември во 2020 година кога напаѓач во Виена уби четири лица и повреди 22 пред да миде застрелан од полицијата. Судењето за нападот во Вилах, кое се очекува да заврши во четврток, се случува паралелно со судењето на 21-годишник кој е обвинет за планирање на напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година.