Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 28.5.2026
Минимална температура (во °C)
8 Берово, 9 Лазарополе, 10 Mаврови Анови, Попова Шапка, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Битола, 13 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, 14 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, 15 Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово, Кавадарци, 16 Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











