Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судијата Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра во созидан бункер зад плочки, рече дека обвинителството прави преседан со неговиот случај

/

пред 130 дена

Сподели преку :

„Не сум виновен ни за првото, ни за второто дело“, – рече судијата Ѓоко Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра во созидан бункер зад плочки. На судењето кое започна денеска, тој се произнесе дека не чувствува вина.
Според Ристов, обвинението прави преседан со неговиот случај и во иднина секоја може да биде гонет ако во домот на неговите родители се најдат пари. Тој велеше дека нема елементи за кривичните дела кои му се стваат на товар.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.  Тој е  обвинет за противправно стекнување и прикривање имот како и за перење пари. Во куќата на Ристови во Неготино пронајдени беа и ливчиња со броеви на предмети во кои бил инволвиран Ристов, а од обвинителството велат дека Ристов имал комуникации и разговори со лица за кои одлучувал.
 Адвокатот на Ристов, Звонко Давидовиќ  рече дека Обвинителството нема случај. Според него за обвинителството поважна било да приредат сензација отколку презумција.
„Обвинителството нема случај. Sидовите зборуваат, а доказите молчат. Сензацијата е секогаш пред презумцијата кај обвинителството, а би требало да биде обратно“ рече адвокатот Звонко Давидовиќ.

 

Обвинителката Искра Хаџивасилева денеска кажа дека пронајдените пари не се легално стекнати.

 

„За непријавување на имотот и тоа за оние 350 000 евра кои се пронајдени и за кои со сигурност можеме да покажеме со проста, математичка документациска и финансиСка основа и докази дека не можат да бидат имот кој легално го поседувал и тоа кривично дело ги подразбира тие елементи и за  кривичното дело перење пари кое подразбира криење, држење на пари за кои сторителот свесно знае дека се незаконити и дека потекнуваат оа казнено дело“, рече таа.