Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење за „Пулс“ – обвинителството со докази покажуваше како објект за лесна индустрија станал дискотека

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Со презентација на докази за изградбата, намената, бесправните градби, легализацијата и движењето во сопствеништвото на објектот во кој се наоѓаше дискотеката  „Пулс“, денеска продолжи судскиот процес против 35 обвинети.

Според презентираните записници, дозволи и други материјали дозвола за градба на објектот е дадена во јули 1999 година, сопственик е Никола Кузманов а објектот е регистриран како лесна индустрија која не загадува. Презентирани беа плановите за изградба, карактеристиките и спотавеноста на електричната мрержа во објектот. Како докази беа презентирани и нотарски акти и извади со барања за легализација на бесправните доградби на објектот од страна на идниот сопственик Горазд Милковски.

Одбраната приговараше на овие докази,  посочија дека во законот за урбанизам нема ознака за угостителски објект и дека дел од доказите се копии, на што од обвинителството одговорија дека се бега од суштината и дека во дел од институциите и особено во фирмите на обвинетите недостасувале голем број на оригинални документи.

Родителите на настраданите со реакција на тврдењата на бранителите дека станува збор за несреќен случај.

„Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за несреќа. Несреќа? Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување. Но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, кога се прифаќаат непополнети пријави, се користат стари согласности, се премолчуваат недостатоци и никој не иницира инспекциски надзор — тогаш тоа не е несреќа. Тогаш тоа е системско замижување. И навистина е цинично денес да слушаме дека луѓето во судницата „не знаеле зошто седат таму“. Не, господа. Тие многу добро знаат зошто седат таму“,  рече Александар Наунов, татко на настраданата Надица Наунова.

Адвокатите на обвинетиот  Митко Стојанов побара од судот на неговиот клиент да му биде укината мерката куќен притвор и да му бидат изречени алтернативни мерки а од Обвинителството кое го најави својот сват по барањето за следното рочиште презентираа докази – записници од инспекциски надзори во кафулето на првообвинетиот Дејан Јованов каде што Стојанов се води како управител на фирмата ММММ.

Огнен Чанчаревиќ