Две децении не е вработен ниту еден професор, ниту асистент на катедрата за археологија и историја на уметност, рече Никос Чаусидис, универзитетски професор, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. Додаде дека Институтот бара професор по современа уметност 12 години.
„Тоа е проблематично од повеќе аспекти. Со одењето на некој професор губите, односно гасне, буквално гасне една сфера на културата, еден широк дијапазон. За современата уметност ќе речете „знаете тоа уметност, од тоа не се живее, итн.“. Но, внимавајте, тоа е формирање на едно јавно мислење околу, не некоја старудија што би рекле ние, туку тоа е дел од сегашноста“, изјави Чаусидис.
Според него, немајќи однос кон современата култура, се губи актуелноста на образованието на Катедрата.
„Морам да кажам дека голем од нашите студенти кои се запишуваат да студираат, бидејќи се современи деца, нив ги интересира современа уметност. И тие би сакале да се занимаваат со тоа. Со тоа вкушност вие ги демотивирате студентите и да се запишуваат на таа Катедра. Некој ќе рече „па и онака немате многу студенти“. Ние немаме студенти, затоа што немаме професори. Значи тоа е повратен процес. Не може вие да немате професори, а да очекувате студенти“, додаде Чаусидис.
С.Д.











