Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава за македонски и странски државјанин за бесправно градење – го оштетиле буџетот на Општина Неготино за повеќе од 1,5 милиони денари

/

пред 129 дена

Сподели преку :

Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, потоа В.М. од Австрија, одговорно лице во правното лице, и Р.М. (52) од Гевгелија, раководител на подружница на правното лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. Пријавените, како што информира МВР, притоа предизвикале штета на буџетот на Општина Неготино за над 1,5 милиони денари.

На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен инспектор од Општина Неготино, констатирале дека пријавените извршиле ископ на канал од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на дел од потегот од село Пепелиште кон село Војшанци, неготинско. Градежните активности ги отпочнале пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платена изготвената пресметка на надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 1.502.981 милиони денари и пред да добијат одобрение за градба, за што претходно инвеститорот поднел барање до Општина Неготино. Со тоа, пријавените предизвикале штета на буџетот на општина Неготино за наведената сума“, соопшти министерството за внатрешни работи.