НАТО остро реагираше откако руски дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галати, во близина на границата со Украина. Од Алијансата соопштија дека станува збор за „руска неодговорност“ во контекст на нападите врз украинската инфраструктура.

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во постојан контакт со романските власти по инцидентот. Во соопштението се нагласува дека Алијансата ќе продолжи да ја зајакнува одбраната од закани, вклучително и од беспилотни летала.
Инцидентот се случи за време на нов бран руски напади врз украинските пристаништа и инфраструктура во близина на романската граница.
Романските власти претходно соопштија дека при ударот биле повредени две лица и дека биле евакуирани десетици жители од зградата.











