Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ја проширува контролата врз Појасот Газа и дополнително го засилува притисокот врз Хамас. Според него, израелските сили во моментов контролираат околу 60 проценти од територијата на Газа, што е зголемување во однос на претходните 50 проценти.
Нетанјаху говореше на конференцијата во долината Јордан, каде што теми биле војната, Иран, Хезболах и регионалната безбедност.
Израелските власти претходно соопштија дека во воздушен напад бил убиен Мохамед Одех, новоименуваниот лидер на военото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, помалку од две недели по ликвидацијата на неговиот претходник.
Меѓувреме, Министерството за здравство во Газа соопшти дека во изминатите 48 часа загинале најмалку 16 лица, а 39 биле повредени.
Според истите податоци, од почетокот на кревкото примирје во октомври досега во Газа загинале 922 лица, а повеќе од 2.700 се повредени.











