Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајка во Черкези кај Куманово

/

пред 128 дена

Сподели преку :

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од малолетникот.

Според информациите од СВР Куманово, автомобилот бил управуван од 24-годишен жител на Куманово. По несреќата, детето било пренесено во кумановската болница, каде лекарите ја констатирале смртта.

Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата извршиле увид на местото на настанот, а возачот на автомобилот бил лишен од слобода во текот на вечерта. Се работи на целосно расчистување на случајот.