Екипата на ПСЖ ја анулира предноста на Арсенал во финалето на Лигата на шампиони на УЕФА. Стрелец на израмнувачкиот погодок на „Пушкаш арена“ беше Дембеле во 65 минуа од пенал.
На најстрогата казна ѝ претходеше прекршок на Кристијан Москера над Хвича Кварацкелија во шеснаесетникот на Арсенал. Судијата Даниел Сиберт покажа на белата точка, одлука што беше потврдена и од ВАР собата.
Арсенал поведе со 1:0 преку Каи Хаверц, уште во шестата минута од натпреварот, по асистенција на белгискиот интернационалец Леандро Тросар.
С.Д.











