Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажно се претставувале како 14-годишна девојка, договарале средби со машки лица кои потоа ги снимале и принудувале да кажат дека се „педофили“ – СВР Битола поднесе кривична пријава против пет лица

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 15 до 22 години кои се сомничат за кривичните дела „Насилство“, „Злоупотреба на лични податоци“, „Неовластено снимање“ и „Самовластие“, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во период од февруари 2025, пријавените дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на социјални мрежи користеле лажен профил преку кој се претставувале како 14-годишна малолетничка и воспоставувале комуникација со машки лица, по што договарале средби на повеќе локации на подрачјето на Битола. По пристигнување на договорените локации, оштетените биле пресретнувани од членовите на групата, снимани без нивна согласност, навредувани, омаловажувани, психички малтретирани и принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, а создадените видео записи и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјални мрежи, со што кај оштетените предизвикале чувство на страв, понижување и загрозување на нивната сигурност“, наведува МВР.