Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бројни кражби на гробот на мојот син“ – таткото на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео со кое повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син.

Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат да биде оштетен или ограбен гробот на Ѓорѓи.
– „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.

Ѓорѓи Ѓоргиев беше меѓу жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која ја потресе Македонија.