На најновата листа „Глобал 2000“, објавена од Центарoт за рангирање на светски универзитети, нема ниту еден универзитет од Македонија, вклучително и најголемиот државен универзитет, Св.„Кирил и Методиј“ од Скопје.
Рангирањето е направено врз основа на анализа на повеќе од 81 милион податоци и четири клучни критериуми: квалитет на образование, вработливост, квалитет на наставниот кадар и истражувачка работа.
Најдобро пласиран универзитет од регионот е Универзитетот во Белград кој се најде на 393. место.
На листата се најдоа и универзитети од Словенија и Хрватска, додека Србија има вкупно четири високообразовни институции меѓу најдобрите 2.000 во светот.
На врвот на светската ранг-листа и оваа година се Универзитетот во Харвард, Институтот за Технологија во Масечусетс и Универзитетот Стенфорд.
Резултатите повторно ја отворија дебатата за состојбите и квалитетот на високото образование во Македонија.











