Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче бара уставни измени, ВМРО ДПМНЕ го нарекоа специјален бугарски пратеник

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот совет, кој утре ќе ја посети Македонија, ќе ја предупреди владата дека треба да ја исполни обврската за уставни измени, очекува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Обвини дека премиерот ги загрозува националните интереси со тоа што ќе ја остави Македонија да биде слепо црево на Балканот.

  • Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено ќе каже дека сега е моментот за проширување и дека не е вистина тоа што го кажуваат премиерот и ВМРО ДПМНЕ дека, ако ги донесеме уставните измени, повторно ќе се соочиме со блокада. Не, затоа што тоа е стратешка цел на ЕУ сега, една од четирите стратешки цели на ЕУ во оваа гео-политичка и стратегиска ситуација со Украина, Молдавија и Западен Балкан. Сега треба да се приклучиме, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче ја искритикува владата и за неисполнетата реформска агенда.

Обвини дека не работат ништо друго, освен што чекаат ново продолжување на роковите, затоа што од десет закони кои требало да се донесат лани до јуни, и за кои е продолжен рокот до овој јуни, донесени се само два.

На прашањето, дали тие ќе се вратат во работната група за Изборниот законик за да се донесе барем уште еден, одговори дека не се СДСМ виновни за тоа што законот за влада е сменет на сила, па тие во знак на револт ја напуштија работната група.

Од ВМРО ДПМНЕ го повикаа, наместо да зборува за уставни измени, да побара конкретни чекори од официјална Софија.

  • Специјалниот бугарски пратеник, Венко Филипче, нека му пренесе на неговиот бугарски премиер, Румен Радев, дека додека не видиме испорака на пресудите од Стразбур, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Манасиевски порача дека ниту за милиметар нема да отстапат од своите позиции без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија.

Далиборка Демјанска

Б.С.