Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатот на Илијевска жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот ќе се жали на пресудата од 7 и пол години затвор

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Адвокатот на Вангелица Илијевска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан во Кратово, а на која денеска кумановскиот суд и изрече седум и пол години казна затвор најавува жалба на пресудата.

Во разговор за Телма, адвокатот Христијан Георгиевски вели дека очекува судиите во Апелација да ги земат в предвид олеснителните околности.

„Се надевам дека апелационите судии ќе бидат уште потолерантни поради големиот број на олеснителни околности што даваат правна основа и за поблага казна. Нашата правна битка продолжува“, рече Георгиевски за Телма.

Обвинителството пред почетокот на денешната главна расправа  изврши преквалификација на делото од „двојно убиство со умисла“ за што се предвидени од десет години затвор до доживотна казна во „две убиства на миг“. За преквалификација на делото правниот тим на Вангелица поднесе повеќе од 75 материјални докази, а и супер вештачењето потврди дека таа делувала во состојба на уплав и раздразнетост.

Илијевска призна вина и изјави дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела. Обвинетата стапила во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца.

Двојно убиство со умисла, поднесено обвинение против жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово