Што ќе донесе, а што ќе однесе како порака Антонио Кошта по денешната средба со државниот врв? Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтеграциите, регионалната соработка и безбедносните предизвици.
Но, како премиерот така и министерот Тимчо Муцунски бара јасни гаранции дека идентитетските прашања нема да бидат дел од преговарачкиот процес.
По средбата со бугарската министерка, Муцунски вели дека засега не гледа позитивни сигнали од бугарска страна.
Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5 јуни чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.











