Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски бара Брисел да усвои нов заклучок за Македонија со гаранции дека нема да има нови условувања

/

пред 124 дена

Сподели преку :

„Нема намера да поддржам авантура без извесен крај“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски пред посетата на претседателот на Европскиот совет Кошта во Скопје.

„3 децении граѓаните беа сведоци на вакви гимнастики и сме на исто место каде што бевме пред 25 години. Не може да очекувате дека ќе дојде некој висок европки политичар, и ние ќе го смениме ставот“ рече тој.

За да се стави крај на тоа, тој бара од Еу да усвои нов зклучок за Македонија во кој ќе гарантира дека повеќе нема да има нови условувања и на тој начин ќе се  потврди поддршката и довербата.

„Ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има нови условувања, тогаш најмалку што можеме да го добиеме ние како држава е да добиеме нови заклучоци во кои сè ќе ставиме. На тој начин ќе се потврди поддршката и довербата“ , рече Мицкоски

Според Мицкоски, проблем е и тоа што тие немаат со кого да разговраат за ЕУ интеграциите – зашто од Софија им кажуваат дека проблемот е меѓу нашата земја и ЕУ, а кога одат во Брисел од Софија велат „како ќе разговарате без нас“. Мицкоски понатаму рече дека тие се  сериозни луѓе, и се подготвени да прифатат тројна средба со преставници на ЕУ и Бугарија – нека кажат еден ден претходно и ние доаѓаме – вели тој.

Кошта денеска ќе биде пречекан со барање за гарнции за идентитетот и јазикот?