Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Као какао“ мјузикал што го враќа духот на минатото низ музичкиот свет на Влатко Стефановски

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Вонвременските нумери на Влатко Стефановски оживеаја на сцената на МНТ , низ постановката на мјузиклот „Као какао“. Проектот го постави режисерот Дејан Пројковски по текстот на Венко Андоновски.

  • Дојде време ете, за мојот идол и за нашите идоли да направиме мјузикл. Меѓутоа, многу е важно дека го вративме духот на тоа време кога младите луѓе навистина сакаа да постигнат успеси во уметноста, во спортот, вели Венко Андоновски, автор на текстот за мјузиклот.
  • Многу ми беше важно да не робуваме на правилата, да бидеме слободни, да го создадеме музичкиот свет на Влатко на сцена. Знаете како, тоа е како кога работите роман, рече Дејан Пројковски, режисер на мјузиклот.

Љубовта, но и истрајноста да се отсонува сопствениот сон пред предизвиците на времето, се главните мотиви на протагонистите во оваа мелодрама. Тоа се Џими и Дона , во изведба на актерите Катерина Јовановиќ и Владимир Петровиќ.

  • Се обидува од гасеница да стане пеперутка, односно да ги надмине општествените норми во кои што е заглавен и да направи нешто од сопствениот живот. Тука е нели, во претставата ја има таа љубовна нота, вели Владимир Петровиќ, актер.
  • Таа е бунтовник , а всушност една мека душа. И кога ќе продреме малку во нејзината душа, сваќаме дека таа е многу мила. Единствено нешто што таа го сака е да биде вљубена и да ѝ е возвратено, рече Катерина Јовановиќ, актерка.

Дејствието тече низ изведба во живо на 19 нумери, од опусот на Стефановски, од периодот со „ Леб и сол“, до подоцнежната солистичка кариера. Тие не се фон. Употребени се како монолози или дијалози меѓу актерите. А, аранжманите ги направи Бобан Мирковски.

  • Не е само спремен бендот, оркестарот да ја свири таа музика, туку помеѓу сцените има и разни музики кои се како сврзник, кои тој феноменално ги свири на клавир и извлекува вињети мали од моите песни, кажа Влатко Стефановски.

Кореографијата е на Олга Панго, а нејзин асистент Ирена Лозинска. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф- Марија Пупучевска, а вокален ментор – Ана Костадиновска. Продуцент на проектот е „Баги комуникации“, во копродукција со Македонскиот народен театар.

Според прикажаното, мјузиклот „ Као какао“ е посвета на архитектонски изгубеното Скопје, на генерациите млади кои живеат за да се реализираат, а пред сѐ на музиката и песните на Влатко Стефановски, кои што и денес, како некогаш ни ја разгалуваат душата. Тоа е гаранција за долговечноста на проектот.

Сотир Трајков

С.Б.