Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митески: Општина Аеродром годинава затворила две градилишта, но одговорноста во ваквите случаи е на сите кои се надлежни

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Во вечерашната „Топ Тема“, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, истакна дека локалните власти мора доследно да ги користат сите законски механизми за спречување на бесправното градење и заштита на јавниот интерес.

Тој посочи дека општината годинава веќе интервенирала во неколку случаи, но нагласи дека одговорноста за надзорот и санкционирањето е заедничка и вклучува повеќе институции.

„Општина Аеродром годинава затворила две градилишта, но одговорноста во ваквите случаи е на сите кои се надлежни“, рече Митески.

Според него, за разлика од минатото, општината применува и построги правни мерки против прекршителите.

„Задолжително како општина поднесуваме и кривични пријави имајќи предвид дека бесправното градење е кривично дело, нешто што не се практикувало многу во минатото“, изјави Митески.

Т.Д.