Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тилева: Градежништвото останува најризична дејност со најмногу смртни случаи на работа

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Во вечерашното издание на „Топ Тема“, Грозданка Тилева од Државниот трудов инспекторат предупреди дека градежништвото и натаму е секторот со најголем број тешки повреди и смртни случаи на работното место. Таа истакна дека податоците што ги евидентира Инспекторатот укажуваат на потребата од засилени мерки за заштита на работниците и поголема одговорност од сите учесници во градежниот процес.

„Пет смртни случаи на градилиште се забележани годинава. Минатата година Државниот трудов инспекторат регистрирал 12 смртни случаи на работа, од кои седум биле на градилиште“, изјави Тилева.

Осврнувајќи се на високите температури и ризиците за работниците кои работат на отворено, таа упати апел до инвеститорите и изведувачите да ја приспособат организацијата на работниот процес во согласност со здравствените препораки.

„Апелирам и до инвеститорите, изведувачите… во периодот од 11 до 17 часот да не се вршат градежни работи на отворено, што е препорака и на Министерството за здравство“, нагласи Тилева.

Таа посочи дека почитувањето на мерките за безбедност и здравје при работа е клучно за намалување на бројот на несреќи и заштита на животите на работниците.

T.Д.