Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има на појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18°C, а максимумот од 22 до 29°C.
Информација од ова утро 3.6.2026
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
16 Гевгелија, 4 Крива Паланка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











