Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Белград 26-годишник се сомничи дека со секира го усмртил неговиот 92-годишен очув

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Во Белград утрово 26-годишник посегнал по животот на својот 92-годишен очув. Според информациите од српските медиуми 26-годишникот се сомничи дека ја нападнал жртвата која во тој момент се наоѓала во кревет и била во лоша здравствена состојба.

Тој бил удрен во пределот на главата, а кога пристигнале полициските службеници на местото на настанот го пронашле починат. Случајот е пријавен во полиција утрово околу 7 часот, а 26-годишник е приведен.

Засега не е познат мотивот за убиството. Голем број полициски екипи се наоѓаат на местото на убиството. Според српските медиуми таткото на осомничениот изјави дека неговиот син во последните денови покажувал необично однесување, но не очекувал да се случи ваков настан.