Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Платформа за родова еднаквост: Судот не смее да биде продолжена рака на системот што ги остава жените да умираат

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудија убиството на 31-годишна жена во Битола, која според информациите на Министерството за внатрешни работи била усмртена со нож од нејзиниот сопруг.

Во заедничко соопштение организациите наведуваат дека станува збор за уште еден фемицид кој, како што оценуваат, го потврдува загрижувачкиот пораст на родово базираното и семејното насилство во земјава.

„Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените“, се наведува во реакцијата.

Организациите посочуваат дека и покрај измените на законите, стратегиите и политиките, во пракса нема суштинско подобрување на заштитата на жртвите. Според нив, наместо ефикасна превенција и навремена институционална реакција, повторно се губат човечки животи. Во соопштението се нагласува дека во првите месеци од 2026 година веќе има повеќе жртви на семејно и родово базирано насилство, што, според нив, укажува на сериозни слабости во проценката на ризикот, институционалното постапување и санкционирањето на насилството.

Покрај тоа, организациите предупредуваат и на зголемениот број случаи на врсничко насилство во училиштата, при што дел од инцидентите завршиле со напади со ладно оружје и тешки повреди кај ученици. Тие бараат итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, како и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај надлежните институции. Доколку се утврдат пропусти, бараат индивидуална одговорност и санкции за службените лица кои не постапиле согласно законските обврски.

Воедно, повикуваат на поголеми финансиски вложувања во специјализирани сервиси за поддршка на жртвите на насилство, зајакнување на кадровските капацитети во МВР и центрите за социјална работа, како и инвестиции во образовни и превентивни програми насочени кон спречување на насилството кај младите.