Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Државната ревизија за 2024 година на Академијата за судии и јавни обвинители утврди низа слабости во финансиското работење и усогласеноста со законските прописи.

Изразено е мислење со резерва, при што се констатирани пропусти во исплатите, јавните набавки, евиденциите и организацијата на обуките.

Меѓу клучните наоди се неправилности во исплатата на надоместоци на членови на управни тела, надминување на законски рокови за обуки и исплата на дополнителни средства, како и склучување договори со ментори по истек на периодот на ангажман.

Дополнително, утврдени се исплати за активности кои не се јасно регулирани со закон, како и прекумерна прекувремена работа без соодветно известување до инспекциските органи.

Ревизијата посочува и слабости во управувањето со јавни набавки, користење на критериуми кои не се директно поврзани со предметот на набавка, како и случаи на набавки без спроведена постапка.

Дадени се вкупно 9 препораки со цел подобрување на финансиската дисциплина, законитоста и транспарентноста во работењето на институцијата.