Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Њујорк победнички ја отвори финалната серија во НБА-лигата и славеше на гостувањето кај Сан Антонио. Никс ја продолжија фантастичната победничка низа во плеј-офот сезонава.

Њујорк имаше одличен финиш на натпреварот утринава и со серија од 11-0 дојде до триумф од 105-95 на гостувањето кај Сан Антонио. Џејлен Брансон ги предводеше гостите со 30 поени, Карл-Ентони Таунс имаше 18 поени и 12 скока, додека ОЏ Ануноби го заврши натпреварот со 17 поени.

Кај Спарс, Виктор Вембањама постигна 26 поени и додаде 12 скока, а Стефон Касл имаше 17 поени.

За Никс ова е 12-та победа по ред во плеј-офот сезонава, откако единствените два пораза ги претрпеа во првата рунда против Атланта. Потоа со по 4-0 ги елиминираа Филаделфија и Кливленд.

Интересно е тоа што Њујорк стана првиот тим во историјата што го победил Сан Антонио во првиот натпревар од една финална серија. Спарс се домаќини и на вториот натпревар, кој е закажан за в сабота во 2:30 часот наутро по македонско време.