Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

/

пред 124 дена

Сподели преку :

(ФОТО: ФБ профил на Бошко Тасиќ) Семејството на 13 годишниот Аган Асани кој трагично загина во Черкезе, се сретна со семејството на младиот Давид – момчето кое го посвети голот за нивниот прерано починат син.

На емотивната средба, тие му подарија фудбалската топка со која  Аган вежбал дома.

„Ти направи хуман гест и ние одлучивме некако да ти возратиме“, рекоа од семејството на младиот Аган. Аган беше талентиран, млад фудбалер на ФК Куманово, а загина во сообраќајна несреќа кога во него удри возило додека возел на електричен тротинет. .

Неколку дена потоа младиот Давид од редовите на ФК Еуроспорт постигна гол и му го посвети на Аган. Тој носеше маица на која беше испишано  „Аган Асани -почивај во мир“. Никој од семејството на Давид не знаел дека тој ќе го посвети голот на својот врсник.

Давид Догмановиќ од Умин дол и Аган од Черкезе живееа на 5 км еден од друг.

Само во една недела, три млади момчиња загинаа во сообраќајни несреќи.

Видеото е на Open-TV.mk