Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

/

пред 116 дена

Сподели преку :

Аутсајдерката Маја Хвалинска продолжува со својата бајка на Ролан Гарос и ќе игра во големото финале против Мира Андреева. Тенисерката од Полска повторно го шокираше тенискиот свет.

Хвалинска испиша нова историја и стана првата квалификантка што успеала да стигне до финалето на Ролан Гарос во Опен ерата. Таа денеска ја победи Дијана Шнајдер во полуфиналето со 7-6 и 6-4.

Полјачката воедно е само третата тенисерка што на својот дебитантски настап во главната ждрепка на Ролан Гарос стигнала до финалето, по Ивон Гулагонг и Крис Еверт во 70-тите години од минатиот век.

Во мечот за титулата, закажан за в сабота, Хвалинска ќе се соочи со Мира Андреева. Русинката ја прекина победничката низа на Марта Костјук од 17 мечеви. На Андреева ѝ беа потребни само 76 минути за да ја декласира Украинката со 6-1 и 6-3.

Андреева, која има само 19 години, ќе игра во своето прво грен-слем финале. Таа стана третата најмлада тенисерка што ќе игра финале на Ролан Гарос по Коко Гоф и Ким Клајстерс.

Утре на програмата се машките полуфинални двојки. Јакуб Меншик игра против Александер Зверев, додека во италијанската пресметка ќе се соочат Матео Арналди и Флавио Коболи.