Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛДП: Додека се купуваат комбиња, поштенските објекти пропаѓаат

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Либерално-демократската партија (ЛДП) реагираше на внатрешноста на просториите на Македонски пошти, оценувајќи дека институцијата добива нов изглед однадвор, додека условите во поштенските објекти остануваат незадоволителни.

„Пошта добива брендирани комбиња. Конечно ќе можеме однадвор да видиме како треба да изгледа една јавна институција, додека внатре уште внимаваме дали ќе падне некоја таванска плоча“, објавија од ЛДП на социјалните мрежи.

Реакцијата следува откако минатиот месец, институцијата доби донација од 100 нови возила, обезбедени со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт и врски. Според генералниот директор Орхан Куртиши, 90 од возилата се пикап автомобили, а 10 се комбиња, наменети за подобрување на поштенските услуги и транспортот.

Од ЛДП посочуваат дека, покрај обновувањето на возниот парк, неопходно е да се инвестира и во инфраструктурата на поштенските објекти. Според нив, во дел од филијалите мебелот е дотраен, просториите не се реновирани со години, а на некои места има оштетувања на плафоните и други видливи знаци на запуштеност.

Партијата оценува дека модернизацијата на јавните институции не треба да се сведува само на нови возила и визуелен изглед, туку и на подобрување на условите во кои работат вработените и се услужуваат граѓаните.

„Македонска Пошта“ доби 100 нови возила – 90 се пикапи и 10 комбиња