Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 Лекарската комора нема да му ја одземе лиценцата на докторот кој ги објавуваше пациентките на Тик-Ток, зашто нив не им пречело

/

пред 122 дена

Сподели преку :

 Лекарската комора нема да му ја одземе лиценцата за работа на анестезиологот Ваљтон Дервиши од клиничката болница во Тетово, кој незаконски снимаше пациентки и ги објавуваше во живо на социјалната мрежа Тик-Ток.

Од Лекарската комора тврдат дека на пациентите не им пречело тоа што докторот ги споделувал видеата на социјалните мрежи. Ова според нив е причината поради која судот не побарал од нив да му ја одземат лиценцата на Дервиши. Без таква одлука на комората и се врзани рацете. Таа нема ингеренции да го спречи анестезиологот да продолжи да ја врши дејноста.

„Не оди на работа, но сега за брзо ќе почне. Неговата лиценца беше привремено одземена, а тој ја обжалуваше цело време. Нема судска пресуда. Колку што знам и на пациентките не им пречело тоа што биле снимани. Процесот се уште е во тек во лекарската комора, ама помина и повеќе време од што можеме да му ја одземеме, а тој за цело тоа време не работеше“, вели д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора

И покрај противењето на ваквата одлука на судот, раковоството на тетовската болница ќе мора да го врати докторот Тик-токер на работа. Оттаму веднаш поднесоа жалба, по која се уште се постапува.

Инцидентот се случи во 2023 година, и предизвика бурни реакции во јавноста, а  неговиот профил на социјлната мрежа беше блокиран. Докторот беше приведен, суспендиран и осуден на 15 месеци затвор. Но, со последователни судски одлуки, затворската казна му беше намалена.

Тамара Марковска