Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 18°C, а максимумот од 26 до 34°C.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











