Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

19 загинати во силниот земјотрес на Филипините, се уриваа згради и продавници

/

пред 119 дена

Сподели преку :

 

Најмалку 19 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди регионот Минданао во јужниот дел на Филипинитe. Од силината на земјотресот се урнаа згради и продавници.

Силниот земјотрес се случи во   07:37 часот наутро по локално време на длабочина од околу 35 километри (21,7 милји)

Денеска јавните училишта на Филипините ја започнуваа новата учебна година, а на видео на социјалните мрежи се гледаат десетици преплашени ученици од основно училиште како  клекнуваат надвор додека земјата под нив силно се ниша.
 Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот изјави дека „им наложил на сите релевантни владини агенции веднаш да дејствуваат“ за евакуација на жителите и започнување на спасувачката работа.