Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис објектив“: Кои се предизвиците на македонските извозници?

/

пред 117 дена

Сподели преку :

Недостигот од суровини, квалификувана работна сила и високите производствени трошоци се меѓу најголемите предизвици со кои се соочува прехранбената индустрија. Во оваа емисија носиме репортажа за тоа како една домашна компанија од Неготино успеала од мала семејна фирма, сместена во простор од само 30 квадратни метри, да прерасне во современа фабрика што извезува на регионалните пазари. Дали автоматизацијата, дигитализацијата и бизнис советувањето се дел од решението за поголема конкурентност на македонските производители?

Ја пренесуваме приказната и за „Костал Македонија“, фабрика со странски инвеститор, која веќе една деценија работи во Охрид и вработува над 1.300 луѓе. Целото производство е наменето за извоз, со што компанијата сега е меѓу најголемите извозници од земјава. Приходите само во последните 5 години пораснаа од 80 на 280 милиони евра.