Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не е кривично дело, да се помага – рече на судењето Миле Столевски кој полагаше за безбедносен сертификат наместо екс директорката на ДКСК

/

пред 117 дена

Сподели преку :

На денешното рочиште за предметот во кој е обвинета поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, одбрана дадоа обвинетите Биљана Петрова Мантева која одговара за одавање службени тајни на Небојша Стојановиќ и ревизорот Миле  Столевски обвинет дека во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

Димитровска не даде одбрана, а судскиот процес ќе продолжи со завршни зборови на странките на следното рочиште.

Мантева, вработена во ТЕЦ Неготино, изјави дека документите кои преку апликацијата „Ватсап“ му ги испраќала на обвинетиот Небојша Стојановиќ како нејзин претпоставен – тогашен директор на Тец Неготино биле дел од нејзините редовни работни обврски.

Столевски потврди дека во име на Димитровска ја следел онлајн обуката за сертификат „државна тајна“, користејќи корисничко име и лозинка што таа му ги доставила. Тој нагласи дека сакал само да ѝ помогне и оти не се чувствува виновен.

„Сакам да потенцирам дека не сум виновен и не е кривично дело да се помага кога е потребна помош“, рече Столевски.

Димитровска е обвинета за оддавање службена тајна на Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за злоупотреба поврзана со добивањето сертификат за пристап до класифицирани информации.

Одбраната и понатаму тврди дека во случајот не станува збор за службена тајна, посочувајќи дека дел од материјалите и седниците на Антикорупциската комисија се јавно достапни.