Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Полицијата синоќа во  02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, уапси 43 годишен велешанец кој претходно се обидел да ограби црква но и побегнал на полицијата.
„На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидел насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото“, рекоа од полицијата.
Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.
Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.