Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска ќе се распределува затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичниот суд

/

пред 116 дена

Сподели преку :

Во текот на денешниот ден, предметот за правосилната затворска казна за Стевче Јакимовски ќе биде распределен на судија за извршување санкции во скопскиот кривичен суд.

Потоа почнува да тече рокот од 30 дена во кој судијата треба да упати упатен акт за издржување на казната до поранешниот градоначалник на на Карпош Јакимовски. Рокот за испраќање упатен акт е 10-ти јули иако судот има право тоа да го направи и пред истекот на рокот, а осудениот Јакимовски има право да упати молба да му се одложи извршувањето.

Апелациониот суд во Скопје вчера објави дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски под обвинение за бесправно градење, а предметот се однесува на објектот односно бараката која привремено беше седиште на општина Карпош.

Јакимовски ја обвини власта дека стои зад пресудата, а судиите ја донеле под притисок иако тој лично не им се лути.

Осудениот екс градоначалник на Карпош смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.