Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собранието избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Пратениците денеска во Собранието треба да разгледаат повеќе предлог-одлуки за избор и именувања во институции и тела, меѓу кои избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Судскиот совет.

На дневен ред се и повеќе предлог-одлуки за изменување на составите на собраниските комисии и пратенички групи за соработка со парламенти на други држави, како и одлука за распишување јавен оглас за избор на членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците ќе расправаат и по повеќе законски решенија во прво читање, меѓу кои предлог-законите за парнична постапка, судска и јавнообвинителска служба, за соодветна и правична застапеност, за игрите на среќа, како и измените на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ДДВ и возила.

Во рамки на седницата се најавени и повеќе закони по скратена постапка, кои опфаќаат области како управување со конфискуван имот, електронски комуникации, судство, градење, енергетска ефикасност, угостителство, земјоделство и урбанистичко планирање.

Меѓу точките на дневниот ред се и предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците, како и стратегијата за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој 2021–2031.