Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

/

пред 114 дена

Сподели преку :

Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе седум дена се оставени без топла вода објави студентската платформа „Студентарија“. Според нивни информации причината за проблемот е недостиг на нафта за загревање на водата во домот.

Оттаму наведуваат дека како привремено решение на студентите им е понудено користење на гостинска соба со бојлер на струја, но оценуваат дека во дом во кој престојуваат повеќе студенти ваквото решение тешко може да одговори на сите потреби.

„Дополнително, според сведоштва и видеа доставени, просторијата што е посочена за користење е во несоодветна состојба. Студентите кои се пожалиле посочуваат дека просторот изгледа нечисто, а вратата не може целосно да се затвори“, велат од Студентарија.

Ова не е првпат студентите во овој дом да се соочуваат вакви проблеми. Во февруари годинава студентите немаа електрична струја повеќе од 30 часа, а со тоа останаа и без греење, соодветни услови за подготовка на храна и услови за учење.

Т.Д.

Предвиденото отворање на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе се пролонгира за наредната година