Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

/

пред 112 дена

Сподели преку :

По утринските метежи и долгите колони возила на граничниот премин „Богородица“, каде што дел од патниците чекаа и до три часа за влез во Грција, попладнево состојбата е поинаква.

Во моментов нема поголеми задржувања на македонската страна од границата, а сообраќајот се одвива непречено. Колони и натаму има пред грчките гранични контроли, но преминувањето се одвива релативно брзо.

Според информациите од терен, грчките власти вршат само пасошка контрола, без дополнителните биометриски проверки кои предвидуваат фотографирање и земање отпечатоци од прсти, поради што времето на чекање е значително намалено во споредба со утринските часови.

Иако редици возила сè уште се забележуваат на влезот во Грција, попладнево нема знаци на поголеми застои како оние од утрото, кога колоните се протегаа со километри, а чекањето достигнуваше и до три часа.