Гори шума меѓу штипските села Долани и Љуботен. Зафатена е голема површина на непристапен терен.
Во моментов 18 пожарникари се на терен со противпожарни и теренски возила, а се приклучуваат и од доброволното противпожарно друштво со свои возила кои се логистичка поддршка.
Градежна механизација прави пресеци за да не се префрлува огнот од една на друга линија.
Викторија Јованова











