Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Под контрола е пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде што попладнево огнените јазици зафатија ниско стеблеста шума и сува трева.

Брзата интервенција  спречи да се прошири во борова шума. Со цел да не се доближи огнот до селото Долани со градежна и земјоделска механизација се правеа обрачи, а пожарот го гаснеа 18 пожарникари, 14 доброволци пожарникари и жители на селото Долани.

  • Имавме од Дирекцијата за спасување еден авион како припомош, моментално пожарот е ставен под контрола и едно возило останува да дежура во текот на ноќта, а гасненето ќе продолжи изутрина. Зафатена нискостеблеста и мал процент борова шума, но таму огнот го локализиравме, рече Благој Ренџов командир на ТППЕ-Штип

При гаснењето на пожарот повреден е и жител на селото Долани, кој се здобил со изгореници на нозете. Пожарот е на непристапен терен, затоа се користеа и теренски возила.

  • Теренот не пристапен за камиони или цистерни, затоа ние дојдовме со нашите теренски возила и го ставивме пожарот под контрола, рече Зоран Младеновски ДПД Штип.

Се уште на одредени делови меѓу селата Долани и Љуботен се гледа чад, но пожарот е под контрола. За само неколку дена ова е трет голем пожар во штипскиот регион.

Викторија Јованова

Б.С.