Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград.
Како што неофицијално дознава РТС, горат неколку продавници и покривот .

На местото на настанот се околу 40 пожарникари со десет цистерни. Интервенцијата е во тек.
Жителите на блиските згради се предупредени да ги затворат прозорците.

Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот.

Засега нема информации за жртви или повредени.











