Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот меѓу Долани и Љуботен ставен под контрола

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Пожарот што изби меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, откако огнените јазици зафатија нискостеблеста шума и сува трева.

Брзата интервенција на пожарникарите спречи проширување кон блиската борова шума и населеното место Долани.

Во гаснењето учествуваа 18 пожарникари, 14 доброволци и жители од селото, а со механизација беа направени противпожарни појаси за ограничување на пламените јазици.

При интервенцијата е повреден еден жител кој се здобил со изгореници на нозете.

Иако ситуацијата е под контрола, на одредени места сè уште се забележува чад од тешкопристапен терен, па надлежните служби остануваат будно да ја следат ситуацијата и најавуваат можност за дополнителна воздушна интервенција доколку е потребно.

Ова е трет поголем пожар во штипскиот регион во последните неколку дена.

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола