Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каролина го освои Стенли купот по пауза од 20 години (ВИДЕО)

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Каролина хјурикејнс е нов шампион во НХЛ-лигата откако во финалето на Стенли купот го совлада Вегас голден најтс со 4-2 во победи.

Хјурикејнс ја заверија титулата со триумф од 3-0 во шестиот натпревар и стигнаа до вториот шампионски трофеј во својата историја, прв по 2006 година.

Тејлор Хол го отвори резултатот и го најави големиот триумф на Каролина, а во листата на стрелците се запишаа уште Џексон Блејк и Николај Елерс.

Капитенот Џордан Стаал беше прогласен за најкорисен играч во плеј-офот и го доби трофејот „Кон Смајт“. Стаал одигра фантастична финална серија, постигна голови на пет од шесте натпревари и беше лидер на тимот во походот до титулата.

Каролина имаше доминантен плеј-оф и ја заврши битката за Стенли купот со биланс од 16 победи и само три порази.

За тренерот Род Бриндамор ова е посебен успех, бидејќи со Каролина го освои Стенли купот и како играч во 2006 година, а сега и како тренер.