Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ за договорот САД-Иран: „Оружјето сега мора да замолчи“

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Високите претставници на ЕУ  го поздравија договорот меѓу САД и Иран за завршување на војната на Блискиот Исток, велејќи дека Европа е подготвена да придонесе за „траен мир“.

–Се радувам на крајот на оваа скапа војна и на целосно враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец, напиша Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет на Икс.

 

–Оружјето сега мора да замолчи, повика Кошта, велејќи дека „Европската унија е подготвена да придонесе за унапредување на сеопфатна стратегија за траен мир низ целиот Блиски Исток“.

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, нагласи дека „приоритет сега е неговата брза и целосна имплементација“ – повикувајќи ги „сите страни да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан и да спроведат вистински прекин на огнот“.

„Не може да има мир на Блискиот Исток додека Либан е во пламен“, предупреди таа, додавајќи дека повторното отворање на Ормуз е „од суштинско значење за регионалната стабилност и глобалната економија“ и дека конечниот договор „треба да ги прекине нуклеарните и балистичките програми на Иран и неговите дестабилизирачки активности во регионот.